ДЕБАТА – КАКВИ КНИГИ ЧИТААТ УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ТЕТОВО? – ПАТУВАЧКА ИЗЛОЖБА ВО ТЕТОВО

2.05.2018 беше организирана дебата со децата посетители на тема „Каква книга сакам да читам“ која предизвика огромен интерес и задоволство кај децата кои сакаа да ги искажат своите омилени книги. Оваа дебата беше особено успешна поради големиот одзив и мотивираноста на децата да дебатираат на една ваква тема. Во рамките на дебатата се одржа и презентација на техниката на „сито“ печат каде што нашите стручни лица г-дин Куштрим Арифи и г-дин Салајдин Нухиу им ја прикажаа техниката на „сито“ печатење на присутните деца за кои сето ова беше едно големо доживување и искуство. Секако, сето ова беше под будното око на медиумите кои го документираа овој настан и го прикажаа во јавноста.

No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.