18301282_1486921671352076_7192080626287487737_n

Запознајте ја Илијана, една од добитниците на литературниот натпревар:

Запознајте ја Илијана, една од добитниците на литературниот натпревар:

Моето име е Илијана Гоциева. Учам во ООУ ,,Коле Канински“ во Битола и сум VI одделение. Имам учествувано во повеќе драмски претстави, различни проекти и натпревари.
Мојата најголема љубов се книгите, а исто така уживам во пишувањето и сликањето. Јас имам огромен број на тетратки исполнети со раскази и цртежи кои самата ги имам напишано и сликано. Најмногу се пронаоѓам во книжевниот жанр трилер и научна фантастика, па така моите лични творби, расказите ги насочувам токму во тој правец, иако понекогаш во моите раскази знам да вметнувам и елементи од трагедија и комедија.
Најголема инспирација за создавање на моите творби црпам од секојдневниот живот, светот околу нас, она што е актуелно и нè опкружува, односно како нашиот свет функционира и каков би можел да стане кога технологијата би била уште поразвиена.
Имам многу желби и замисли за мојата иднина и за мојата идна професија. Не можам да се одлучам, но би била и пресреќна ако можам да работам повеќе професии. Јас би сакала кога ќе пораснам да станам графички илустратор, да цртам стрипови и манга, или, пак, да бидам моден дизајнер или писател, а може да станам и дивелопер на видеоигри или познат режисер.

18301282_1486921671352076_7192080626287487737_n
18402346_1486921508018759_918411932359243934_o
18320897_1486921511352092_6704635675440615158_o
18320691_1486921501352093_8824000269137265985_o
No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.