18278741_1483237058387204_6781477756222759256_o

Запознајте го Андреј:

Драги читатели,
Во следните денови ќе ви ги претставиме најдобрите творби на нашиот литературен и ликовен натпревар и нивните автори.

Запознајте го Андреј:

Јас сум Андреј Белешков.
Имам 11 год. и учам во ООУ „Петар Поп Арсов“ во V 1 одд. под водство на класниот раководител, професорката Мимоза Драгутиновска.
Мојата желба за цртање ми доаѓа од приказните и книгите што ги читам, кога сакам да си ги замислам ликовите и случките.
Од книгите добивам бујна фантазија и желба да измислувам, да цртам и да создавам нови работи.
Кога ќе пораснам сакам да бидам компјутерски програмер и компјутерски цртач на игри или аниматор.
Сакам кога ќе пораснам да можам да направам нешто што ќе влијае врз природата да не се загадува, да биде еколошки чиста и воздухот во Скопје да нема смог за да ги снема алергиите и да може да живееме здраво и среќно.
Со почит,
Андреј

18278741_1483237058387204_6781477756222759256_o
18238029_1483237071720536_4511155499240794793_o
No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.