МЕЃУНАРОДЕН СЕМИНАР

На 26 април 2017 во Тирана ќе се одржи меѓународен семинар со учество на издавачи, експерти од ЕУ (од Италија, Португалија, Грција, Хрватска), претставници на јавни и на приватни институции, културни и образовни, наставници, книжари, читатели, новинари итн. Семинарот ќе биде добра можност за размена на искуства и за подобрување на професионалната соработка, меѓусебното учење, но и за подобра обука на оние што се занимаваат со книги. На овој семинар, помеѓу останатите теми, ќе се разгледуваат и ќе се споредуваат дури и податоците добиени од анкетата спроведена во трите земји.