ОПШТИ ЦЕЛИ НА ПРОЕКТОТ

– Меѓународно да се поддржи капацитетот на културниот и на креативниот сектор.

– Да се поддржи циркулирањето на културни и на креативни дела, како и меѓународната мобилност на културните работници.

– Да се засили, да се прошири и да се создаде разнолика публика.

– Да се осмисли долгорочна стратегија врз основа на финансиски и на статистички аспекти за да се зголеми детската читателска публика.

– Да се стимулира идна соработка и транснационална циркулација на автори и на нивните дела.

– Да се стимулираат и да се дадат добри примери кон меѓународната литература за деца.

– Да се подигне свесноста на државните органи за литературата за деца како една од главните алатки за културен развој на детето, како начин за надминување на бариерите што често се создаваат поради социјални, етнички, верски комплекси итн.

– Да се засили соработката меѓу културните организации и да се привлече вниманието кон издавачкиот сектор како еден од важните сектори во економијата.

DITURIA---IL

НАТПРЕВАРИ ВО УЧИЛИШТАТА

Од февруари до април, ќе бидат организирани креативни литературни и ликовни натпревари со учениците од средните училишта во различни градови во секој регион. Целта на натпреварите ќе биде: да се поттикне креативноста, желбата да се пишуваат раскази, да се зголеми имагинацијата, децата да бидат протагонисти во создавањето книжевност, но и да им се помогне во пронаоѓањето нови можности да се изразат во однос на правото да учат и да читаат.

АНКЕТА

Од октомври до декември 2016 година, во трите земји (Албанија, Македонија и Италија) беа дистрибуирани 3.000 прашалници, по 1.000 во секоја земја.
Беа опфатени училишта од централна градска средина, но и од предградијата, каде што вообичаено живеат обесправените групи во општеството.

DITURIA---IL5
DITURIA---IL3

ИЗДАВАЊЕ КНИГИ

Делата (скиците, илустрациите итн.) на илустраторите на книгите за деца од трите земји ќе бидат дел од заедничка патувачка изложба што ќе биде поставена во Тирана, во Поцуоли и во Скопје. Во текот на седум дена, широката публика во Албанија, Италија и во Македонија ќе може да ја посети оваа изложба во својата земја. Целта на патувачката излоѓба е да ги промовира илустраторите чии дела ќе бидат претставени во трите земји, на тој начин создавајќи нова публика и можности за соработка.

ФЕСТИВАЛ: СИТЕ КНИГИ СЕ ВАЖНИ

Во три различни периоди, во Тирана (Албанија), во Неапол/Камподимеле/Формија (Италија) и во Скопје (Македонија) за првпат ќе се одржи голем настан со овие три земји во фокус, имено детски фестивал. Овој период ќе биде кулминација на проектот. Фестивалот особено ќе биде насочен кон: транснационална мобилност, поттикнување на публиката, но ќе создаде можности за децата и за младите, дури и за нивните родители, да споделат искуства од низа различни уметнички форми и стилови, ќе воведе нови промотивни програми.
Фестивалот ќе опфати десетина настани (работилници, тркалезни маси, средби со писатели, креативни лаборатории, читачки, актерски и сликарски ќошиња итн.), вклучувајќи повеќе од 100 уметници и илјадници деца и млади луѓе.

DITURIA---IL6-copy

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ: „МАЛИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА КНИГАТА“

Во соработка со MultiMediaStudio “NOSITI”, филмска продукциска куќа со долгогодишно искуство, ќе се сними документарен филм за најдобрата промоција на литературата за деца, за пристапот на децата кон книгите без социјални, родови или расни разлики.

Документарниот филм ќе се прикажува на ТВ и ќе биде достапен на YouTube, на социјалнтие мрежи и на официјалните веб-страници на тројцата партнери, како и на веб-страницата на самиот проект.

ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

На 11 јуни 2018 година во Тирана ќе се одржи завршна конференција на проектот, со учество на партнерите, на издавачи, библиотекари, на културни и на работници од образованието, новинари итн.

MЕДИУМИТЕ