Aктивности

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ

На 17 септември 2016 година, во рамки на проектот „Читатели од иднината“, поддржан од програмата Креативна Европа на Европската Унија, беше одржан првиот заеднички состанок на тројцата партнери во проектот. Состанокот се одржа во просториите на издавачката куќа Дитурија, којашто е водач на проектот. Од......

Проектот за соработка меѓу издавачката куќа Дитурија од Албанија, издавачката куќа Табернакул и Associazione Agenzia ARCIPELAGO ONLUS од Италија, што ќе биде имплементиран со поддршка на програмата Креативна Европа, го направи првиот чекор успешно. Во книжарницата во Friend’s Book House, на 27 септември 2016, беше......

На 3 октомври 2016 година, во Поцуоли, Италија, се одржа прес-конференција за проектот „Читатели од иднината“. Прес-конференцијата ја отвори г-ѓа Анџела Ла Торе, проект менаџер и претсетадел на Associazione Agenzia Arcipelago. Иницијативата ја поздравија учителката Росалба Матроне и г. Џузепе Ерико, психолог, психотерапевт и координатор......

Читачките навики на децата и на младите читатели

Од октомври до декември 2016 година, во трите земји (Албанија, Македонија и Италија) беа дистрибуирани 3.000 прашалници, по 1.000 во секоја земја.

Беа опфатени училишта од централна градска средина, но и од предградијата, каде што вообичаено живеат обесправените групи во општеството.

Овој процес мина низ две фази:

  • Дистрибуција на прашалниците, осмислени од експерти, културни оператори, психолози, книжевници, и собирање на пополнетите прашалници
  • Изготвување на извештај.

Посебен тим од страна на секој партнер, беше задолжен во текот на два месеци да ги дистрибуира и да ги земе назад 3.000 прашалници.

Прашалникот циркулираше дури и на социјалните мрежи и преку и-меил.

Главната цел на ова истражување:

  • Да се испитаат читачките навики за приказни, легенди, митови, бајки итн., верувањата и ставот на децата и на младите читатели во Албанија, Италија и во Македонија

Целта на истражувањето:

– да се поддржат родителите, учителите и другите професионалци од доменот на книжевноста да го промовираат читањето.

Главна цел: деца и млади читатели (возраст од 6 до 15 години).

Од податоците од анкетата, експерите ќе изготват извештај што ќе биде објавен во февруари.

прашалник 1

oyquwz4ywp6cqwpevvrc

прашалник 2

follohpxiuymf9urowqb (1)

Од февруари до април, ќе бидат организирани креативни литературни и ликовни натпревари со учениците од средните училишта во различни градови во секој регион. Целта на натпреварите ќе биде: да се поттикне креативноста, желбата да се пишуваат раскази, да се зголеми имагинацијата, децата да бидат протагонисти во создавањето книжевност, но и да им се помогне во пронаоѓањето нови можности да се изразат во однос на правото да учат и да читаат.

На 26 април 2017 во Тирана ќе се одржи меѓународен семинар со учество на издавачи, експерти од ЕУ (од Франција, Италија, Португалија, Грција), претставници на јавни и на приватни институции, културни и образовни, наставници, книжари, читатели, новинари итн. Семинарот ќе биде добра можност за размена на искуства и за подобрување на професионалната соработка, меѓусебното учење, но и за подобра обука на оние што се занимаваат со книги. На овој семинар, помеѓу останатите теми, ќе се разгледуваат и ќе се споредуваат дури и податоците добиени од анкетата спроведена во трите земји.

Во три различни периоди, во Тирана (Албанија), во Неапол/Камподимеле/Формија (Италија) и во Скопје (Македонија) за првпат ќе се одржи голем настан со овие три земји во фокус, имено детски фестивал. Овој период ќе биде кулминација на проектот. Фестивалот особено ќе биде насочен кон: транснационална мобилност, поттикнување на публиката, но ќе создаде можности за децата и за младите, дури и за нивните родители, да споделат искуства од низа различни уметнички форми и стилови, ќе воведе нови промотивни програми.

Фестивалот ќе опфати десетина настани (работилници, тркалезни маси, средби со писатели, креативни лаборатории, читачки, актерски и сликарски ќошиња итн.), вклучувајќи повеќе од 100 уметници и илјадници деца и млади луѓе.

Дел од овој проект ќе биде издание во три тома, секое со околу 100 страници, кои ќе бидат преведени на трите јазици (албански, македонски и италијански); една (печатена и електронска) книга со дела на авторите вклучени во овој проект; една (печатена и електронска) книга со бајки од трите земји-партнери; и една (печатена и електронска) книга со детски творби од натпреварите во училиштата. Изданијата ќе бидат донирани во училишни и во јавни библиотеки, додека електронските изданија ќе бидат поставени на веб-страниците на проектот и на секој од партнерите за бесплатно преземање дури и по завршувањето на проектот.

Делата (скиците, илустрациите итн.) на илустраторите на книгите за деца од трите земји ќе бидат дел од заедничка патувачка изложба што ќе биде поставена во Тирана, во Поцуоли и во Скопје. Во текот на седум дена, широката публика во Албанија, Италија и во Македонија ќе може да ја посети оваа изложба во својата земја. Целта на патувачката излоѓба е да ги промовира илустраторите чии дела ќе бидат претставени во трите земји, на тој начин создавајќи нова публика и можности за соработка.

Во соработка со мултимедиа студио „НОСИТИ“, филмска продукциска куќа со многу години искуство, беше подготвен документарен филм за пристапот на децата до книги без оглед на нивните социјални, полови или расни разлики, како и за најдобриот начин на промовирање на литературата за деца. Документарниот филм беше емитуван на телевизија и е лесно достапен на „YouTube“, социјалните мрежи и официјалната веб страница на проектот, насловена како „Readers of the future“. Документарниот филм пренесува промотивни пораки за книгата и нејзиниот читател.

На 11.06.2018 година во Тирана беше организирана последна конференција за проектот „Readers of the Future“ со учество на македонските и италијанските партнери, издавачи, библиотекари, културни и едукативни предавачи, новинари, претставници од образовни и културни институции итн. На самата прес конференција, која на големо се промовираше во медиумите, беа дискутирани некои од заклучоците за проектот „Readers of the Future“. Голем број на говорници, по упатувањето честитки до организаторите на овој проект, ја изразија потребата за развој на програми за промоција на читањето кај децата уште од рана возраст како инвестиција во иднината; овој проект како пример треба да не охрабри да продолжиме да работиме во иста насока и да создаваме најдобри политики за да ги привлечеме децата поблиску до книгите и во нив да внесеме љубов за читање.