Проект

За проектот:

Овој проект, осмислен од тројцата партнери: издавачката куќа Dituria (Албанија), издавачката куќа Табернакул (Македонија) и L’Associazione Agenzia Arcipelago (Италија) од една страна се однесува на транснационалната мобилност, поттикнување на публиката и дигитализација, а од друга им помага на уметниците (писателите и илустраторите) и на нивните дела да циркулираат меѓународно, да ја засилат постојната или да допрат до нова публика и до нови пазари и да им помогнат на младите читатели да го откријат задоволството што го предизвикуваат читањето и книжевноста. Врз основа на многу искуства, љубовта кон читањето е поважна за успехот во образованието на децата од кој било друг фактор, вклучувајќи ги и семејниот и општествениот аспект.

Општи цели на проектот:

– Меѓународно да се поддржи капацитетот на културниот и на креативниот сектор.

– Да се поддржи циркулирањето на културни и на креативни дела, како и меѓународната мобилност на културните работници.

– Да се засили, да се прошири и да се создаде разнолика публика.

– Да се осмисли долгорочна стратегија врз основа на финансиски и на статистички аспекти за да се зголеми детската читателска публика.

– Да се стимулира идна соработка и транснационална циркулација на автори и на нивните дела.

– Да се стимулираат и да се дадат добри примери кон меѓународната литература за деца.

– Да се подигне свесноста на државните органи за литературата за деца како една од главните алатки за културен развој на детето, како начин за надминување на бариерите што често се создаваат поради социјални, етнички, верски комплекси итн.

– Да се засили соработката меѓу културните организации и да се привлече вниманието кон издавачкиот сектор како еден од важните сектори во економијата.

Специфични цели на проектот:

– Да ги охрабри децата и младите читатели да посегнат по литературата, така што ќе ги засили силните читатели и ќе влијае врз слабите читатели, така што ќе ги научи да ја сакаат уметноста, но и дека може да бидат идни протагонисти и уметници.

– Да ги стимулира авторите, уредниците, уметниците за нови креации, изданија и промоции, нагласувајќи ја важноста на секого од нив како дел од овој проект.

– Да им овозможи на училиштата, учениците и на културниот сектор да работат заедно во развојот на овој проект, како и на други краткорочни и долгорочни проекти во иднина.

– Да ги охрабри дури и младите таленти меѓу децата со цел да се изразуваат низ проза, поезија, музика, фотографија, сликање, филм.

– Да покаже како дигиталниот простор може да го зголеми целокупното искуство од читањето кај децата и кај младите.

 

Овој проект беше поддржан од програмата за креативна Европа на Европската унија

logo BE

Овој проект е поддржан од Програмата за креативна Европа на Европската унија.

Креативна Европа ги поддржува транснационалните проекти за соработка кои вклучуваат културни и креативни организации од различни земји кои учествуваат во програмата.

Таа има за цел да го подобри пристапот до европската култура и креативни дела и да промовира иновации и креативност.

За повеќе информации посетете ја веб-страницата –>