Партнери

logo

„DITURIA“ е основана во 1991 година. Целта на „DITURIA“ е да придонесе во развојот и модернизацијата на албанската култура преку објавување значајни дела. Една од главните насоки во работата на „DITURIA“ е објавувањето детска литература. „DITURIA“ не само што објавува ремек-дела од детската литература, туку и континуирано организира активности и проекти поврзани со промовирање детски дела, што игра значајна улога во едукација на децата што ја сакаат литературата: „Ден на литература за деца“, „Албански Хари Потер“, „Јазични лаборатории“, итн. „DITURIA“ има објавено неколку книги за деца во дигитален формат, со што стана прв издавач на дигитална уметничка литература за деца. Во речиси 24 години од нејзиното основање, „DITURIA“ има учествувано во кореализација на повеќе од 50 културни проекти. Таа учествува на меѓународни саеми на книги, како што се Саемот на книга во Франкфурт, Саемот на книга во Болоња, Саемот на книга во Париз, Саемот на книга во Торино, Саемот на книга во Лајпциг. Уште од 1998 год. таа е коорганизатор на Националниот саем на книга во Тирана, најголемиот годишен настан во Албанија.

screen-shot-2016-12-05-at-00-04-56

Табернакул  е прва приватна издавачка куќа во Република Македонија, основана во 1989 година. Денес, таа е една од водечките издавачки куќи во Македонија. Табернакул обрнува посебно внимание на детската литература во својата работа. Со својот избран тим автори, иновативниот пристап и новиот графички дизајн, Табернакул се обиде да воведе свежи и повисоки стандарди во македонското учебникарство. Со цел да ги обедини најдобрите и најважните дела во македонското творештво, Табернакул ја создаде едицијата „Темелници“. Покрај многуте изданија за деца, издавачката куќа Табернакул има реализирано многу проекти посветени на децата, а еден од поинтересните е „Од автор до книжарница“, (како дел од нејзиниот вовед на Меѓународниот саем на книга во Скопје, Македонија). Во 2012 година Табернакул ја воведе Меѓународната награда за литература „Табернакул“. Во таа прилика, Табернакул ја издаде книгата „Буквар на детски права“, која претставува уште едно издание што е особено значајно за најмладите. Од останатите изданија, би ја издвоиле едицијата „Оологии“ во која се објавени пет наслови, како и изборот лектири од прво до четврто одделение во кој дваесет наслови се објавени во четири книги со коментари што им укажуваат на децата, но и на родителите и на наставниците на што најмногу треба да посветат внимание при на читањето.

screen-shot-2016-12-05-at-00-00-25

L’Associazione Agenzia Arcipelago, основана во 1999 година, иницирала и имплементирала бројни културни настани и проекти (општествени, образовни, културни), чија цел е создавање настани и манифестации за младите, како и иновативни и експериментални социјални активности за борба против маргинализацијата и социјалната ексклузија, за стимулирање на граѓанскиот развој на територијалните заедници. Овој континуиран напор беше имплементиран во соработка со јавни ентитети (околу 30), како и со приватни и општествени ентитети (терцијарен сектор).

Развојот на L’Associazione Agenzia Arcipelago е резултат на трудот на многумина уметници, психолози, социјални работници и истражувачи, и доведе до зголемување на вредностите како: култура за идните генерации, општествените науки, солидарноста (особено што ги засега младите и социјалната ексклузија), социјалниот развој, граѓанската одговорност и активното граѓанство. Овие интервенции влијаеја врз колективниот менталитет, овозможувајќи им на младите луѓе и на ранливите групи можности за превенција, поддршка, социјализација и единство.

Асоцијацијата се занимава со превенција, обука, планирање во полето на социјалната солидарност и борбата против социјална ексклузија во име на јавните ентитети, и на приватниот и на општествениот сектор, и им дава приоритет на обесправените граѓани, преку институционализирање на хуманите услуги. Асоцијацијата ги стави во служба на локалните власти своето долгогодишно научно истражувачко искуство, студиите и општествените интервенции во полето на социологијата, применетата психологија, психотерапијата, социјалната психологија, трансформациската антропологија, практиките за социјална превенција (примарна, секундарна и терцијарна), уметничките манифестации (сликање, танцување, театар, музика, куклен театар) и социјално планирање. Асоцијацијата има за цел да имплементира културни проекти и кампањи за социјални интервенции, истражување и промоција со цел да ги превенира условите за маргинализација и за социјална ексклузија, во корист на децата, адолесцентите, беспомошните семејства: истражувачки и проекти за социјална интервенција врз основа на реорганизација на територијална добросостојба. Асоцијацијата, помеѓу другото, има за цел да промовира високо ниво на социјална заштита и подобрување на животниот стандард на ранливите групи, како и социјална кохезија.

Arberia-Design-logo

АрбериаДесигн е основана во 1993-та година како мала локална печатница во Тетово. Капацитетот на печатницата, како пионир во приватната графичка индустрија во тоа време, беше доволен за да ги задоволи потребите на новоотворените приватни фирми во околината на Тетово. Следејќи ги трендовите и секогаш имајќи предвид дека добра компанија е онаа која е секогаш чекор пред останатите, во 1995-та година Арбериа Десигн го основа своето сопствено дизајн студио, вработувајќи неколку графички дизајнери. Тоа се чини е многу добра одлука особено во 1998-ма година кога Арбериа Десигн потпишува договор со германскиот „Bundeswehr“ (стациониран во Тетово како член на НАТО мисијата на Балканот) за целосен дизајн и печатење на неделниот магазин „Maz & More“. Денес, Арбериа Десигн е развиена во една од водечките компании во Република Македонија во полето на графички услуги. Компанијата работи во неколку различни оддели овозможувајќи различни видови на услуги во областа на дизајнот, графиката, маркетингот, надворешното и внатрешното рекламирање итн.