НАТПРЕВАРИ ВО УЧИЛИШТАТА

Од февруари до април, ќе бидат организирани креативни литературни и ликовни натпревари со учениците од средните училишта во различни градови во секој регион. Целта на натпреварите ќе биде: да се поттикне креативноста, желбата да се пишуваат раскази, да се зголеми имагинацијата, децата да бидат протагонисти во создавањето книжевност, но и да им се помогне во пронаоѓањето нови можности да се изразат во однос на правото да учат и да читаат.

Проект: „Читатели од иднината“ 

Повик за литературен и ликовен натпревар

 Тема за учениците од 2 – 5 одделение:

„Во светот на бајките: еден ден со омилениот херој/хероина во омилената сказна“ 

Се очекува учениците да ги одберат омилената сказна и омилениот херој на којшто сакаат да му се придружат во авантурата и заедничкото „патешествие“ да го претстават со песна или прозен состав и со цртеж, во кои ќе ја презентираат највозбудливата сцена од бајката којашто ја одбрале.

Доколку учениците се одлучат за песна, таа треба да има најмалку три строфи.
Прозниот состав треба да биде 1-2 страници.


Тема за учениците од 5 – 9 одделение
:
 „Црвенкапа од нашата улица го сретна волкот на Твитер/Фејсбук

Се очекува учениците да направат современа верзија на некоја од бајките, пренесувајќи ги настанот и херојот во актуелни, современи услови.

За писмено изразување предвид ќе се земат творби со должина од две до три страници.

Најдобрите писмени творби ќе бидат објавени во е-книга, а најдобрите ликовни остварувања ќе бидат изложени на настани во рамки на проектот „Читатели од иднината“.

Право на учество имаат сите ученици од основните училишта во Република Македонија.

konkurs
  • Единствената песничка што доби награда е на Томе: Јас сум Томе Лисичков ученик во 5-то одделение. Одличен ученик, го сакам училиштето, сакам да учам и да стекнувам нови знаења и редовно си ги извршувам обврските. Во слободното време одам на Бреин о Браин, тренирам кошарка во кошаркарскиот клуб Водно Санс – Партизан, си играм со другарчињата, нормално играм на компјутер и таблет, следам спорт итн. Навивам за Барселона и за Кливленд. Кога ќе пораснам, пред сè, сакам да станам успешен, почитуван и културен човек, а за професија не сум размислувал затоа што сè уште сум мал....

  • Ви го претставуваме Георги: Јас сум Георги Стојаноски. Јас многу сакам да читам книги. Мене омилен предмет ми е физичко. Јас кога ќе пораснам сакам да бидам ветеринар бидејќи ги обожавам животните. Моето омилено животно е куче. Кога ќе станам ветеринар ќе имам моја сопствена амбуланта. Јас имам куче пудла и целото е бело. Тоа се вика Папи. Јас моето куче го шетам и понекогаш му давам сладолед. На моето куче омилена играчка му е едно топче со ...

  • Запознајте ја Илијана, една од добитниците на литературниот натпревар: Моето име е Илијана Гоциева. Учам во ООУ ,,Коле Канински“ во Битола и сум VI одделение. Имам учествувано во повеќе драмски претстави, различни проекти и натпревари. Мојата најголема љубов се книгите, а исто така уживам во пишувањето и сликањето. Јас имам огромен број на тетратки исполнети со раскази и цртежи кои самата ги имам напишано и сликано. Најмногу се пронаоѓам во книжевниот жанр трилер и научна фантастика, па така моите лични творби, расказите ги ...

  • ас сум Ева Груевска, и сум четврто одделение. Во нашето одделение има 28 деца. Сите заедно се дружиме, се договараме, си играме, си позајмуваме книги... Секој ден сите имаме нови книги кои ги разменуваме заедно. Јас секогаш сум сакала да читам книги. Сум ги прочитала: ,,Малиот принц“, „Гоце Делчев“, ,,Зоки Поки“ и уште многу детски книги. Омилени предмети во училиште ми се: физичко, македонски и математика. Јас кога ќе пораснам би сакала да бидам танчарка и да одам на многу различни натпревари по танц. Сите деца во моето одделение ми се другари и другарки, но имам шест најдобри. ...

  • „Моето име е Нена Бислимоски. Учам во ОУ Петар Поп Арсов, 3-то одделение. Уживам во музиката и ја сакам уметноста. Посетувам часови по балет и сакам да бидам успешна балерина.“...

  • Запознајте го и Јане: „Јас се викам Јане Божиновски и учам во ООУ „Петар Поп Арсов“. Имам 10 години и сум петто одделение. Освен тоа што сакам математика, многу сакам и да цртам, така што голем дел од слободното време го поминувам во цртање. Како помал, многу сакав да цртам планети и змејови, а потоа почнав да цртам и министрипови, како и шеми за нови измислени игри. Инспирација за цртежите добивам од телевизијата и од видеоигрите.“...

  • Драги читатели, Во следните денови ќе ви ги претставиме најдобрите творби на нашиот литературен и ликовен натпревар и нивните автори. Запознајте го Андреј: Јас сум Андреј Белешков. Имам 11 год. и учам во ООУ „Петар Поп Арсов“ во V 1 одд. под водство на класниот раководител, професорката Мимоза Драгутиновска....