ИЗДАВАЊЕ КНИГИ

Дел од овој проект ќе биде издание во три тома, секое со околу 100 страници, кои ќе бидат преведени на трите јазици (албански, македонски и италијански); една (печатена и електронска) книга со дела на авторите вклучени во овој проект; една (печатена и електронска) книга со бајки од трите земји-партнери; и една (печатена и електронска) книга со детски творби од натпреварите во училиштата. Изданијата ќе бидат донирани во училишни и во јавни библиотеки, додека електронските изданија ќе бидат поставени на веб-страниците на проектот и на секој од партнерите за бесплатно преземање дури и по завршувањето на проектот.

Screen Shot 2018-02-06 at 23.49.32

Е-книга со најдобрите креации од Натпреварот „Читатели од иднината“ во Албанија, Македонија и Италија

Натпреварот „Читатели од иднината“, дел од проектот Читатели од иднината, беше организиран  од 20-ти февруари 2017 до 20-ти април 2017, истовремено во Албанија, Македонија и Италија.

Е-книгата што е пред вас има три дела: првиот дел на албански јазик, кој ги содржи најдобрите креации на албанските ученици, на македонските ученици (преведени на албански), и на италијанските ученици (преведени на албански).

Вториот дел од книгата е на македонски јазик. Тој ги содржи најдобрите креации на македонските ученици, албанските ученици (преведени на македонски), и на италијанските ученици (преведени на македонски).

Третиот дел од книгата е на италијански јазик. Тој ги содржи најдобрите креации на италијанските ученици, на албанските ученици (преведени на италијански), и на македонските ученици (преведени на италијански).

Лектири за деца и млади

 Приказни од албански, македонски и италијански автори

Оваа книга е подготвени и издадена во рамките на проектот за соработка „Читатели од иднината“ на Програмата Креативна Европа, со учество на 3 партнери: Издавачката куќа Дитуриа од Албанија, Издавачката куќа Табернакул од Македонија и Здружението Агенција Арчипелаго од Италија.

 

Книгата е составена од три дела: првиот дел е на албански јазик (одбрани приказни од албански автори, како и од македонски и од италијански автори, преведени на албански), вториот дел е на македонски јазик (одбрани приказни од македонски автори, како и од албански и од италијански автори преведени на македонски) и третиот дел е на италијански јазик (одбрани приказни од италијански автори, како и од албански и од македонски автори, преведени на италијански).

Книгата „Лектири за деца и млади“ е добра можност за идните читатели: Албанци, Македонци и Италијани да „патуваат“ во литературата на соседните земји, мајсторски преведени на нивниот јазик, да се запознаат не само едни со други и со културните вредности на соседите, туку исто така да го најдат или да го откријат задоволството на читањето и препрочитувањето. Книгата е дистрибуирана во школските библиотеки, во книжарниците, во трите земји.

perrallat

Лектири за деца и млади

 Албански, македонски и италијански бајки

Оваа книга е подготвени и издадена во рамките на проектот за соработка „Читатели од иднината“, со подршка на Програмата Креативна Европа на Европската комисија, со учество на 3 партнери: Издавачката куќа Дитуриа од Албанија, Издавачката куќа Табернакул од Македонија и Здружението Агенција Арчипелаго од Италија.

Книгата е составена од три дела: првиот дел е на албански јазик (бајки одбрани од албански автори, како и од македонски и од италијански автори, преведени на албански), вториот дел е на македонски јазик (бајки одбрани од македонски автори, како и од албански и од италијански автори преведени на македонски) и третиот дел е на италијански јазик (бајки одбрани од италијански автори, како и од албански и од македонски автори, преведени на италијански).

Во овие бајки, вие, читатели од иднината, ќе минувате низ свет полн со опасност  и со храброст, со предизвици и со судири, ќе се соочите со ликови кои ќе наидат на ужасни предизвици и ќе бидете сведоци на прекрасни разлики, но и ќе го најдете и откриете, повторно и повторно,  уживањето во читањето и во препрочитувањето.