ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ: „МАЛИТЕ ПРИЈАТЕЛИ НА КНИГАТА“

Во соработка со мултимедиа студио „НОСИТИ“, филмска продукциска куќа со многу години искуство, беше подготвен документарен филм за пристапот на децата до книги без оглед на нивните социјални, полови или расни разлики, како и за најдобриот начин на промовирање на литературата за деца. Документарниот филм беше емитуван на телевизија и е лесно достапен на „YouTube“, социјалните мрежи и официјалната веб страница на проектот, насловена како „Readers of the future“. Документарниот филм пренесува промотивни пораки за книгата и нејзиниот читател. Еве како започнува филмот:

„Книгата може да ни помогне да живееме подобар живот, да зборуваме меѓу себе за задоволствата од литературата, уметноста, знаењето, за уживањето во откривањето односи помеѓу луѓето, да го искористиме нашето право и да го побараме чувството на живот и убавина, да експериментираме со слободата на имагинација и моќта на литературата да ги промени нештата. Книгата претставува начин на земање активно учество во нашите животи и општество, извор на среќа и задоволство во нашиот секојдневен живот.“