Анкета

Читачките навики на децата и на младите читатели

Од октомври до декември 2016 година, во трите земји (Албанија, Македонија и Италија) беа дистрибуирани 3.000 прашалници, по 1.000 во секоја земја.

Беа опфатени училишта од централна градска средина, но и од предградијата, каде што вообичаено живеат обесправените групи во општеството.

Овој процес мина низ две фази:

  • Дистрибуција на прашалниците, осмислени од експерти, културни оператори, психолози, книжевници, и собирање на пополнетите прашалници
  • Изготвување на извештај.

Посебен тим од страна на секој партнер, беше задолжен во текот на два месеци да ги дистрибуира и да ги земе назад 3.000 прашалници.

Прашалникот циркулираше дури и на социјалните мрежи и преку и-меил.

Главната цел на ова истражување:

  • Да се испитаат читачките навики за приказни, легенди, митови, бајки итн., верувањата и ставот на децата и на младите читатели во Албанија, Италија и во Македонија

Целта на истражувањето:

– да се поддржат родителите, учителите и другите професионалци од доменот на книжевноста да го промовираат читањето.

Главна цел: деца и млади читатели (возраст од 6 до 15 години).

Од податоците од анкетата, експерите ќе изготват извештај што ќе биде објавен во февруари.

    Sorry, no posts matched your criteria.

РЕЗУЛТАТИ ОД АНКЕТА

Проект „Читатели од иднината

со поддршка од програмата „Креативна Европа“

Македонија

Декември 2016 – јануари 2017 година

Основа: општа ситуација на литературата за деца во Македонија

Во Македонија, литературата за деца ја има својата основа во народното творештво – во народните песни за деца и говорните игри (детските залагалки, приспивните песни, брзозборките и др.), како и во народните приказни (сказните и басните). Зачетокот на литературата за деца се поврзува и со дејноста на првите учители и просветители во 19. век (со дидактичките пиеси на Јордан Хаџи Константинов-Џинот, кој го издал и првиот буквар на македонски јазик Таблица перваја, и со песните за деца на Григор Прличев „Воспитание или дванаесет песни за деца“), а во времето на романтизмот, кој во Македонија се карактеризира, пред сѐ, со собирање народни умотворби и издавање на зборници со народни песни и приказни, се случува и првата објава на песните за деца (детскиот фолклор) публикувани во зборникот на браќата Миладиновци.

Според македонската книжевна историја, македонската книжевност за деца својот подем го достигнала по крајот на Втората светска војна. Во првата фаза од развитокот на литературата за деца, клучна улога има првата повоена генерација писатели за деца (кои творат во периодот кога се поставуваат и темелите на македонскиот литературен јазик), меѓу кои спаѓаат втемелувачите на детската книжевност: Ванчо Николески, Борис Бојаџиски, Васил Куноски, Славко Јаневски, Јордан Леов и Лазо Каровски. Во втората фаза активни се писателите: Глигор Поповски, Србо Ивановски, Цане Андреевски, Бистрица Миркуловска, Генади Болиновски, Евгенија Шуплинова, Иван Ивановски, Јован Стрезовски, Михо Атанасовски, Видое Подгорец, Оливера Николова, Бошко Смаќоски, како и писателите за деца кои според возраста ѝ припаѓаат на оваа генерација, но се афирмираат подоцна: Видое Видически, Ристо Давчевски и Живко Чинго, чии книги станаа дел од задолжителната училишна лектира. Во третата фаза, по 1959 година, на книжевната сцена за деца се појавува поголема група писатели, меѓу кои се истакнуваат: Киро Донев, Драган Јаневски, Ненад Џамбазов, Милутин Бебековски, Васил Пујовски, Горјан Петревски, Лилјана Белева, Христо Петревски, Светлана Христова Јоциќ, Ката Мисиркова Руменова, Стојан Тарапуза, Звонко Стојановиќ, Ванчо Полазаревски и др. Во поновата генерација творци спаѓаат имињата на Јадранка Владова, Александар Прокопиев, Марија Емилија Кукубајска и др.